Skip to main content

Англиско катче во ОУ Братство Единство

Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче.

 |  Маленкова Татјана  | 
angliska literatura
англиска литература

Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче.  Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во  Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик.

Англиското катче е замислено како центар  или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература.

„Проектот го работевме долго време. Идејата почна лани, но ја имплементиравме во ноември. Работевме вредно и јас и Дина и целиот проект беше напишан до детали ни одзеде многу труд и не бевме сугурни дали Peacekor ќе ни ги одобри парите но имавме среќа што после напорната работа и пишувањето славевме дека сме ги добиле парите и целиот проект започна да се гради од шест месеци“, исткна професор по англески јазик и координатор на просктот Емилија Паункоска.

Англиското катче како проект е реализирано со средства од американскиот Мировен корпус, кој веќе 15 години функционира во Македонија.Anglisko katce

„Натешката работа беше падна на вработените во училиштето. Директорот, наставникот по англиски и нашиот волонтер Дина  Кашиба.  Ние  носиме волонтери во два сектори, првиот во образованието, а вториот во општините или невладините организации“, вели Мајкл Радман од  Мировниот корпус.

Дел од проектот беа и волонтерите од Мировниот корпус. Една од нив е  Дина Кашиба, која со воодушевување раскажува за соработаката со наставниот кадар и децата од ОУ Братство Единство.

„Сметам дека ова е едно од подобрите училишта. Уживав да работам овде со овие професори. Посебно ме радува што има соживот, дечиња од различни националности, наставниците“, вели Дина Кашиба, волонтер во Мировен корпус.

Англиското катче ќе работи и за време на викендите. Пауноска открива дека токму во овие неработни денови во катчето ќе се одржуваат работилници во кои ќе може да учествуваат сите основци од Охрид.

Во уредување на катчето учествувал дел од наставниот кадар од ОУ „Братство и единство“, како и надворешни соработници, а книжниот фонд во англиската библиотека е обезбеден од неколку меѓународни донатори.

{loadposition content9}