Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни
Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.
Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.
Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото.
„Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации храна и ќебенца. И вдомено е кученце! Посетителот, бордошката дога Аба, сега си има пријателче со кое ќе спие. Бевме посетени и од советникот Пановски кој донира храна и ни вети помош од општината за да го решиме овој проблем со бездомните животни. А и кученцата се гледаше дека се пресреќни. Ќе дојдат подобри денови за бездомните животинки. Неопходно е да дојдат! А ние сме тука како здружение да ја забрзаме таа подобра нивна иднина.“-стои на фејсбук профилот на организацијата.
Во светот се проценува дека има приближно 600.000.000 (шестотини милиони) бездомни животни, а само на територијата на Р. Македонија има околу стотина илјади бездомни животни кои како и останатите од светот се осудени да „живеат“ со најразлични болести, изложени на екстремни временски услови, гневот и бесот на психички растроени поединци, „хуманите“ практики за решавање на проблемот на властите.
Бездомните животни водат мизерен живот на улиците, очајнички борејќи се и за најмалата корка леб што ќе им се фрли и постојано се жртви на несовесни возачи.
На светскиот ден на бездомните животни ширум целиот свет се одржуваат акции за вдомување на бездомни животни и настани за подигнување на свеста кај јавноста во однос на стерилизацијата и кастрацијата на милениците како хуман начин за намалување, па и целосно елиминирање на категоријата бездомни животни.
Инаку овој ден, за прв пат како Светски ден на бездомните животни се одбележува во Холандија во 2010та година.
{loadposition content9}