АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека дезинформациите прават штета врз туризмот
Граѓаните потврдија дека се сретнуваат голем број дезинформации , кои прават штета на туристичкиот углед на градот Охрид. ТВМ телевизија преку ЕЦР алатката спроведе анкета за дезинформациите кои се однесуваат на туризмот.
На прашањето, колку често се сретнувате со дезинформации, лаги, невистини, манипулации во медиумите?
52% од граѓаните одговорија дека често се среќаваат со дезинформации, 44% одговрија дека постојано се среќаваат со дезинформации , а само 3% одговорија дека ретко сретнуваат дезинформации.
Во однос на прашањето; Има ли дезинформации кои се пласираат пред почетокот на туристичката сезона?
Дури 97% од испитаниците одговорија дека има голем број дезинформации поврзани со туризмот во Охрид кои најчесто се пласираат пред почетокот на туристичката сезона, само 3% од испитаниците одговорија дека не сретнуваат вакви дезинформации.
Во однос на прашањето: Кои дезинформации поврзани со туризмот се најзастапени?
46% од испитаниците велат најзастапено е споделување на фискални сметки од угостителски објекти со кои се тврди дека Охрид е најскап град
36% од испитаниците сметаат дека најзастапена дезинформација, пред сезоната е дека езерската вода е загадена
14,7 одговорија дека има голем број дезиинформации поврзани со змиите во езероото, со кои се шири страв кај туристите.
Најголемиот дел од испитаниците велат дека има големи последици од дезинформациите врз туристичката сезона?
Имено, 70% од граѓаните велат има последици врз туризмот од пласирањето на дезинформации, а само 4% сметаат дека нема последици
Дел од граѓаните, поточно 17% се изјаснија дека не знаат дали има последици.
На прашањето; Дали вие (вашиот бизнис) го имате почувствувано влијанието на дезинформациите?
44% од граѓаните одговорија со позитивен одговор, дека почуствувале последици од дезинформациите, 4’% дадоа негативен одговор. односно дека немаат последици.
3,7% велат индирекно почувствувале последици , и 3,7 % почуствувале негативни последици како станоиздавачи.
На прашањето: Според вас, какви последици имаат дезинформациите врз туризмот?
29% од испитаниците одговорија дека една од последиците е градење лоша слика за градот
27% сметаат дека со бројните дезинформации се урива угледот на градот Охрид
23% сметаат дека се предизвикуваат финансиски штети врз локалното стопанство
20% велат дека токму поради дезинфромациите се намалува бројот на домашните туристи
На прашањето: Кој најчесто пласира дезинформации за туризмот во земјава?
30% од испитаниците сметаат дека дезинформациите ги пласираат платени портали
27% вината ја лоцираат во социјалните медиуми
19% велат дезинформациите ги пласираат домашните туристи
11% велат тоа го прават платени туристички агенции, а
14% велат дезинформациите ги пласираат новинарите
Граѓаните стануваат се пoсвесни за дезинформациите кои ги преплавуваат социјалните медиуми. На прашањето: Како треба да се бориме со дезинформациите и манипулациите?
39% од испитаниците сметаат дека треба да се проверуваат пласираните информации
37% велат граѓаните треба да се информираат од професионални медиуми
22% сметаат дека се потебни едукативни кампањи
само 2% од испитаниците сметаат дека треба да се поднесуваат пријави за пласирањето лажни вести.
На анкетата,на ТВМ телевизија најголем дел од испитаниците кои се одзваа се од Охрид, односно 93% , додека смо по 3 % од Струга и од општина Дебрца
83% од граѓаните, кои одговорија на нашата анкета се на возраст од 36 до 55 години, 17 % на возраст од 28 до 35 години, а 13% над 55 години.
Речиси идентично, 51% мажи, а 49% жени.
Од спроведената анкета може да заклучиме дека поголемиот дел од граѓаните се сретнале со бројни дезинформации поврзани со туризмот и дека истите прават штети и врз градот и врз локалното стопанство.
Новинар Соња Рилковска
фото: Ѓоко Симјаноски
Текстот е изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.