Skip to main content

Јавен превоз

Анкета: Такси превоз во Охрид

Нова сезона, стари проблеми со такси превозот во Охрид.
 |  инфодеск  | 
такси табла

Проблемите со такси превозот во Охрид се актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат дека дел од таксистите одбиваат да возат на пократки релации во градот, наместо да вклучат таксиметар се пазарат со клиентите, не издаваат секогаш фискални сметки и друго. Градскиот совет, на барање на охридските такси компании, ја зголеми цената на такси превозот во Охрид. Но, советниците и градоначалникот побараа од такси компаниите да го подобрат квалитетот на услугите и односот кон клиентите.

Во врска со тоа дали таксистите оваа летна сезона го подобрија своето поведение, дадете свое мислење со пополнување на следната анкета: