Антички и Долни Сарај ќе добијат кров
Антички и Долни Сарај ќе добијат кров.
Антички театар и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив.
Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.
„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната е изработката на тие покривни конструкции кои ќе бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до месец мај проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе програмата и двата проекти се одобрени и финансирани од Министерството.“
Ресорното министерство им одобрило финансиски средства и за други бројни проекти. Меѓу мноштовото проекти кои треба да се реализираат оваа година е и довршувањето на 4-тата завршна фаза на археолошкиот локалитет Манчевци. Останува да се конзервираат мозаичните подови на Базиликата и илуминацијата на архелошкиот локалитет за да биде достапен за посетителите. Паскали Бунташеска кажува дека деновиве започнале и градежните зафати на надворешноста на црквата Св. Богородица Перивлепта.
„ Одпочнавме и со конзервација на архитектурата на црквата Св. Богородица Перивлепта долго најавуван проект. Проектите се усвоени, сите конзерваторски одобренија ги добивме и почнавме со она што можеме да го сработиме. Поинтензивно ќе се работи од напролет. До крај на летото се надевам дека ќе биде завршена комплетно конзервацијата на архитектурата на објектот за да може потоа да почне конзервацијата на фрескоживописот на истиот објект.“
Одобрени се средствa и за рекоснтрукција на приватни објекти чија архитектура е од посебно значење за градското јадро. Комплетно ќе биде изградена куќата на Ајри Доко. Од висината на одобрените средства ќе бидат изработени фасадата и столријата, а ќе бидат завршени и некои делови од ентериерното уредување. Реконструирани ќе бидат и фасадите на два објекти на улицата „ 7-ми Ноември“ во продолжение на завршениот објект кај Чинарот, укажува Паскали Бунташеска.
{loadposition content9}