Skip to main content

Парламентарни избори 2024

Апасиев од Охрид: Македонска платформа за да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство

Платформата која ја застапува Левица е Македонска платформа со цел конечно да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство, кажа претседателот на партијата Димитар Апасиев на народниот собир во Охрид. Ностелката на листа во петтата изборна единица Јована Мојсоска истакна дека досега со двајца пратеници покажале како се води вистинска левичарска опција за разлика од социјалдемократите кои ги распродале сите асномски идеали.
 |  Маја Савиќ  | 

На 9-ти мај ќе славиме резултат од 8 до 12 пратници во Парламентот. Тоа се реални очекувања на овие избори на кои копјата ќе се кршат помеѓу три платформи, кажа Претседателот на Левица, Димитар Апасиев пред народниот собир во Охрид.

„Сакам да му порачам на народот, едноставна е пораката, на овие избори имате три платформи и на вас е да одлучите за која сте. Првата платформа е веќе познатата тиранска платформа и таму нема разлика дали се Европски фронт, ДУИ или Вреди тоа се иста необалистичка матрица која тежи кон разградување на државата. Втората е Софиската платформа коај ја поддржуваат македонските боржујски партии одродената македонска елита , тоа се СДС и ДПМНЕ. Едните ја поддржуваат отворено а другите латентно. Нашите информации говорат дека во првите 100 до 200 дена тие веќе се договорени да ги внесат Бугарите во Уставот. И третата е нашата платформа онаа која ја застапува Левица , а тоа е Македонска платформа во пет точки со цел конечно да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство. “ – изјави Апасиев.

Јована Мојсоска, носителка на листа во ИЕ 5 истакна дека влезот на нивните двајца пратеници во Собранието покажал како треба да се води вистинска левичарска опција, за разлика од социјалдемократите кои изминатиот мандат ги продале сите Асномски идеали. На овие избори ја сведочиме најавената пасокизација која првично Левица ја предочи, рече Мојсоска.

„ Токму охриѓани беа сведоци кога се отвораше тука фашистичкиот клуб Цар Борис пришто Левица повика на масовен протест на кој граѓаните се придружија и токму затоа на овие избори видовме фијаско на СДСМ затоашто тие ги изневерија сите асномски идеали врз кои почива републиката. Сега кога веќе е извесен колапсот на СДС и ДУИ тука од Охрид сепак сакам да порачам дека ние имаме една реална коалиција кадешто еден исти лик уште владее во Охрид, а тоа е познатиот советник од ДУИ Нефи Усеини. Ние во минатото сведочевсме и единствено Левица реагираше на дивоградбата на Усеини кога беше рушена таблата на АСНОМ и за жал , и тогаш единствено Левица реагираше и ниту еден друг од нашите политички опоненти, ниту од СДС, ниту од ДПМНЕ до ден денес нема никаква реакција за отстранетата плоча од страна на Нефи Усеини. Првото нешто што ние ќе го направиме е да ја вратиме таа плоча и конечно Охрид да се ослободи од еден узурпатор што е заштитен од секоја партија на власт .“ – изјави Мојсоска.

Ние не сме во спрега ниту со моќниците кои се поврзани со секоја власт, ниту сме уценети и затоа нашите политички непријатели знаат дека со нас не се преговара за непринципиелни работи, истакна Мојсоска на народниот собир во Охрид на кој присуствуваа бројни челнови на огранокот на партијата во Охрид и поддржувачи.