Skip to main content

ЈП „Охридски Комуналец“ апелира за правилно одлагање на кабаст и зелен отпад

Доколку граѓаните имаат потреба од одлагање кабаст и/или зелен отпад пред предвидениот термин во Календарот, можат да го контактираат ЈП „Охридски Комуналец“ на телефонскиот број 075-397-944. За пријавување неправилности или дополнителни прашања на располагање е и зелениот телефон 076-355-327.
 |  инфодеск  | 
Зелен отпад

ЈП „Охридски Комуналец“ упатува апел до граѓаните отпадот од домаќинствата и дворовите да не го оставаат покрај контејнерите, на улица или на други несоодветни места. Кабастиот и зелениот отпад се подигнуваат во рамки на организирани акции, предвидени согласно Календарот за подигнување отпад за 2026 година, па граѓаните се повикуваат да ги искористат предвидените термини.

Во акциите за подигнување кабаст отпад може да се одложи стар мебел, како маси, столови, шкафови, плакари, кревети и душеци, фотелји и гарнитури, како и други поголеми предмети од домаќинствата кои не можат да се одложат во вообичаените садови за комунален отпад.

Во рамки на акциите за зелен отпад може да се одложуваат искосена трева, лисја, суви и зелени гранки, растителен отпад од дворови и градини, како и други растителни остатоци од одржување на зелените површини.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека во овие акции не се оставаат градежен шут, електронски и електричен отпад, автомобилски гуми, отпадни масла, опасен отпад и комунален отпад.

Правилното одлагање на кабастиот и зелениот отпад придонесува за спречување на создавање диви депонии, одржување на чисти и безбедни улици и јавни површини и олеснување на понатамошниот третман на отпадот. Со правилното одлагање се намалува мешањето на различни видови отпад и се создава можност дел од отпадот да биде преработен или повторно искористен, посочуваат од јавното претпријатие.

Доколку граѓаните имаат потреба од одлагање кабаст и/или зелен отпад пред предвидениот термин во Календарот, можат да го контактираат ЈП „Охридски Комуналец“ на телефонскиот број 075-397-944. За пријавување неправилности или дополнителни прашања на располагање е и зелениот телефон 076-355-327.

Воедно, ЈП „Охридски Комуналец“ ги потсетува корисниците од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“ дека во четврток, 27 август 2026 година, согласно Календарот за подигнување отпад за 2026 година, ќе се врши подигнување на селектиран отпад од домаќинствата кои имаат садови за селекција. Ќе се подигнува пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.

Граѓаните се повикуваат да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад и во жолтите и сините садови да одлагаат исклучиво соодветен вид отпад, со што заеднички ќе придонесеме за почиста и поуредна животна средина.