Ахмед Фазли од Охрид има само 19 години и заедно можеме да му дадеме шанса да се избори со леукемијата. Со навремена терапија, вистинска поддршка и наша помош шансите за победа се реални.
Нашите хумани сограѓани на социјалните мрежи започнаа кампања за собирање средства за неговото лекување. Нивната цел е да се обезбедат средства за специјализирани медицински третмани, престој во болница и придружни трошоци и терапии по лекувањето.
–Твојот придонес, колку и да е мал, носи огромна вредност. Ахмед има иднина, а ти можеш да бидеш дел од неа, стои во апелот објавен на социјалните мрежи.
Трансакциска сметка за донации:
210501738580810, НЛБ Тутунска Банка, На име: Ѓунел Фазли (мајка на Ахмед)
Контакт телефон за информации: 077 734 754