Skip to main content

Апликација што комуницира со автомобили и веб страна за комуникација доктор-пациент

Ова се само две од многуте идеи кои имаат општествена применливост, а произлегоа од годинешното издание на Codefest.

 |  Мишел Наумоски  | 
codefest 2015
коудфест 2015

Сакате да имате понепосредна комуникација со вашиот доктор, сакате да го знаете неговиот професионален рејтинг? Ако тоа досега не било можно, од сега можеби и ќе биде. Токму ваквата непосредна комуникација помеѓу доктор и пациент е целта на креираната веб страна од петчлената екипа програмери CodingMates. Филип Илиески, дел од екипата, вели дека темата ја сфатиле многу сериозно бидејќи има навистина голема применливост. Додава дека човек или е доктор или е пациент, па оттука нејзината полезност е очигледна.

komunikacija doktor-pacient„Наша задача ни беше да завршиме со систем кој би имал голема улога во здравството. Што тој систем работеше всушност е што имаме корисник од една страна и доктори од друга страна. Всушност ние ги поврзуваме едни со други со тоа што им овозможуваме на корисниците сами да пребаруваат доктори. Тоа пребарување се разликува од физичкото одење на болница, со тоа што ние можеме да видиме рејтинг на докторот, колку пациенти го посетиле. Исто така за секој пациент се зачувува историја, така што ако некој доктор не е слободен во тој момент, може да го преземе случајот друг доктор, со што би ја видел историјата на тој пациент, и не мора се наново, би знаел за што станува всушност збор.“-вели Филип Илиески од тимот програмери CodingMates.

Општествена применливост има и една друга идеја која доживеа своја реализација. Безбедност во сообраќајот преку комуникација помеѓу автомобилите и пешаците. Идејата се состои од хардверско и софтверско решение, односно дел вграден во автомобил кој може да прима радиофреквенција, потоа дел вграден во часовник кој го носи пешакот, односно мал трансмитер кој пушта радиосигнали до автомобил во движење.

komunikacija kola-pesak„Пешакот кога поминува емитира некоја фреквенција до некоја антена од кола што е на некое растојание од 2 километри од пешакот, таа направа пушта фреквенција до колата, колата ако во тој момент возела 120 километри или 200 километри на час, ако тој пат е ограничен на 60 километри или 40 километри на час, колата автоматски ја намалува брзината во тој момент. И колку повеќе колата се приближува накај пешакот, колата го мери растојанието до патникот и ако колата е на пет метри од пешакот, тогаш прави математичка пресметка па пет метри пред да има контакт со пешакот, колата застанува пред него.“-рече Муамер Бајрами од тимот програмери Developer Case.

Овие две фантастични идеи и проекти кои доживеаа своја реализација се всушност второ и третонаградените програмери кои цели 32 часа програмираа и работеа на своите проекти на годинешниот Codefest кој беше посветен на проекти кои имаат општествена применливост. Инаку во тимот на CodingMates, покрај Филип, спаѓаат и Картикејан Паланисуами, Моника Папа, Ирена Степановска и Христина Јованоска. Додека во третопласираните програмиери од Developer Case, покрај Муамер, спаѓаат и Аџи Усеини, Исмет Мета, Денис Бајрами и Миле Трендафилоски.

{loadposition content9}