Skip to main content

„Архелаос“ и „Секспресија“

Магијата и убавината на античката драма изведена под ведро небо на просторот кој како да е создаден за дело на митските дејствија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Arhelaos
Архелаос

Владо Цветаноски, режисерот на драмата „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, која саботата вечерта се одржа на просторот кај Заливот на коските, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје,  истакна дека се чувствува како промотор на ова чудесно место, на кое веќе еднаш настапувал.

Arhelaos„Заљубен сум во просторов. Исто така со „Крпен живот“ со народниот театар од Прилеп гостувавме овде, но тогаш не беше ова гледалиште направено. Господинот Кузман рече дека беше инспириран од претставата и дека поради неа го направил тоа гледалиште. Некако претставата со самиот свој габарит добро легна во тој простор и се надевам дека овој простор ќе има повеќе случувања“ објаснува Цветаноски.

Инаку претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ е работена по текст на Јордан Плевнеш. Просторот и драмата како да се вклопија во едно, магијата од сцената се пренесе и врз публиката која со возбуда и во еден здив ја проследи преставата, која премиерно беше изведена на Охридско лето. „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот е драма со текст кој има лирска димензија преточен во театарски јазик. Зборува за една изгубена трагедија која го следи враќањето на Еврипид, најтрагичниот трагичар.

Tanja Balak„Се бави со прашањето на идентитетите на Балканот. Темата е Ифигенија и жртвата. Еврипид тргнува да ја бара својата Ифигенија. Во тоа велгува во различни географски мапи. Каде се сретнува со некои девојки жени кои ја носат истата судбина, на жртвата како неговата Ифигенија и во тој конгломерат на различности ја препознава својата унисона или заедничка Ифигенија“ поренцира Цветаноски.

Главниот лик, Рубенс Муратовски за историскиот Еврипид оценет како значаен за човештвото, вели дека е посебно возбудлив за театарските уметници.

„Здивот на животот, со името втиснат“, несекојдневен настан кој предизвикува чувство на страв, фантазија, убавина.
Инсталацијата на академскиот сликат, Тања Балаќ од синоќа поставена во куќата на семејството Касапоски,  е од тематската инсталација „SEXPRESIJA“ Во темна соба во која ѕидовите се обложени со црно платно врз кое со крваво црвени букви се испишани одредени текстови кои се однесуваат на љубовта е поставена кукла облепена цела со весници и врз неа се испишани безброј текстови, мисли, цитати.  Врз куклата која е седната на стол и постојано се врти е вперено сценско сноп светло а горе на страните на плафонот се поставени УВ светла кои пак ги осветлуваат текстовите на ѕидовите. Се останато е темно.
„Заради драматика. Мора да е темно, мора да ја имаа таа атмосфера, посетителот мора да почувствува дека велгува во друг свет, бидејќи внатре е и друг свет. Се надевам дека и со музиката и со осветлувањето го постигнав тоа, така барем оние кои ја виделе инсталацијата во Скопје беа со тоа чувство, дека влегуваат во една поинаква соба и реалност од онаа која е пред вратата“ објаснува Балаќ.

kuklaТања Балаќ е родена во 1968 година во Скопје. Дипломира во 1991 година на факултетот за ликона уметност во Скопје со специјалност живопис. Во 2003 година реализира студиски престој во Париз. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. Од 2006 година е претседател на ДЛУМ. Во својот творечки пат Балаќ досега реализирала над 12 самостојни изложби, учествувала во повеќе од 80 групни изложби во Македпнија и во странство.
Во 1992 година, таа доби награда за изложбата „ Жена – Симбол и инспирација“, Дом на култура „ Кочо Рацин“- Скопје, а во 1995 година наградата за млад автор„ „Константин Мазев“ за изложбата „ Живопис мал формат“ во  КИЦ Скопје. Балаќ во 1996 година ја доби наградата за живопис „ Методија Ивановски-Менде “ за  изложбата „Живопис мал формат“ во КИЦ Скопје, во 2001 година наградата за цртеж „ Никола Мартиновски “ за изложбата на ДЛУМ,  а во 2003 година наградата за живопис за изложбата „ Пејсаж “ на ДЛУМ.
Во рамките на музичката програма на годинешново 52-ро издание на Охридско лето вечерва со почеток во 21 часот во Света Софија настапуваат Ардео Квартет  од Франција и Иво Каханек  пијано, Република Чешка. На програмата се дела од Хајдн, Моцарт и Дворжак. Со вечерашниот  концерт ќе се одбележи  јубилејно, 5-то  издание на Француската вечер во рамките на „Охридско лето“.

{loadposition content9}