Skip to main content

Архитектнонските бариери, проблем број еден за лицата со инвалидитет

Една скала пред институција, еден неспуштен рабник на пешачки премин се огромна пречка за лицата во инвалидска количка.

 |  Мишел Наумоски  | 
precka
пречка

Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски. При една посета на Словенија, тој увидел колку оваа држава посветила внимание на овој проблем.

sredba sojuzi na invalidi„Имавме една прошетка низ Љубљана и видовме дека Љубљана  е тотално адаптиран центар за самостојно движење на лица во инвалидска количка.  Не ви треба помош, не ви треба придружба, некој да ве качува, да ве симнува. Тоа не чини пари. Кога локалната самоуправа ги гради улиците или ги гради плоштадите може едноставно наместо да стави исправен рабник, да стави легнат рабник. Ниту повеќе материјал, ниту повеќе време, меѓутоа многу повеќе грижа за човекот и луѓето со кои го делиме секојдневието.“-вели М-р Бранимир Јовановски-Претседател на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија.

Ситуацијата во Охрид, барем според зборовите на претседателот на здружението на инвалиди од градов, Венко Голабовски е далеку од ова.

arhitektonski barieri„Ние лани донесовме локален акционен план на ниво на општина Охрид каде потписник беше и општината. И таа се обврза да го следи тој план кој е до 2013 година. Значи цела оваа година и наредната. Досега не е направено скоро ништо од тоа, дури е и расипано.“-рече Венко Голабовски-Претседател на здружението на инвалиди од Охрид.

Голабовски со потсетување за лицата со стопроцентен инвалидитет и лицата во инвалидска количка дека со цел да го остварат своето право на мобилност, треба да поднесат барање до Центарот за социјални грижи. Дане Кастелич од Сојузот на параплегичари од Словенија вели дека проблемите на лицата со телесен инвалидитет се секаде слични, а слични се и нивните желби.

„Ние би сакале нашиот живот еквивалентно да се вклопува во животот на другите граѓани и да имаме некои услови кои се запишани во Конвенцијата и кои парламентот ги усови, но тоа се само желби на хартија. Имаме прифатен закон за изедначување на можностите на инвалидите каде се даваат многу услови за подобар живот, но тоа во пракса не е спроведено. “-вели Дане Кастелич од Сојузот на параплегичари од Словенија.

Nacionalen sojuz na invalidi И во Србија, проблемите слични како во Македонија. Архитектонските бариери и натаму се причина број еден за дискриминација на лицата со телесен инвалидитет.

„Дискриминацијата е широк поим. Луѓето со инвалидитет насекаде низ светот се дискриминирани по некој основ. Е сега дали ние ќе ја препознаеме таа дискриминација во Србија или во Словенија или во Македонија тоа останува да се види и да се едуцираат лицата со инвалидитет. Тоа е една голема задача на сите организации. Основен вид на дискриминација е архитектонската бариера. Ако не можете да излезете и отидете од точка А до точка Б самостојно, вие сте автоматски дискриминирани.“-смета претседателот на сојуз на параплегичари и квадриплегичари од Србија, Михаило Пајевиќ.

Досега, во Србија по основ на дискриминација се покренати десет кривични пријави од кои 3-4 добиле и разрешница.

Инаку Сојузот на параплегичари од Словенија и Сојузот на параплегичари и квадриплегичари од Србија, во земјава се по повод редовната средба со претставниците од националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија. Тие денес и утре во рамките на оваа средба ги дискутираат процесите на спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност донесена во 2006 година од страна на ОН, а во различни периоди ратификувана и во овие три земји.

{loadposition content9}