Благодарение на Меморандумот за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид, од денес во средена и обработена форма се предадени документи од „Урбанизам“ за периодот од 1991 до 2000 година во Подрачното одделение на Државен архив-Охрид.
-Со ова имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Голем и значаен чекор во значајноста на градежната документација а во интерес жителите на град Охрид, велат од охридскиот Архив.
Оттаму изразуваат благодарност до тимовите од Општина Охрид и Архив Охрид што започнаа и успешно завршија една од етапите за документацијата.