Охридскиот Архив денеска презеде ретка документација од ВК „Југ“ која датира од далечната 1932 година.
– „Денес во Охридскиот Архив се превзеде документација од „срцето на Охридското Езеро“ – ВК „Југ“. Истата датира од 1932 година… Огромна благодарност до луѓето кои имаат свест за документацијата и која ја оставаат во наследство за идните генерации.“ – порача директорот на архивот, историчарот и архивист Никола Митровиќ – Бабе.
Фондот оди на архвска обработка по што ќе биде достапен за истражување.