Архивското богатство на поранешна СФРЈ
Дигитализацијата на архивскиот материјал е главна тема на состанокот на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ, овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство. Процесот на сукцесија на архивскиот материјал е сериозна работа и за него треба да се обезбедат финансии, кажа Емил Крстески, Директор на Државниот архив на Македонија.
„Ние се синхронизираме и заеднички ќе донесеме решение. Во контакт сме со некои европски фондации и фондови, од каде треба да се обезбедат финансиски средства, за да се спроведе тој процес. Би трбало да биде во Белград, таму да се дигитализира, за после да се дистрибуираат“ кажа Емил Крстески – Директор на Државниот архив на Македонија.
Крстески посочи, дека ова е еден од состаноците во последните неколку години, на кој главен акцент ќе биде дигитализацијата на архивскиот материјал и историските документи од 1918 до 1991 година, односно до распадот на поранешна Југославија. Тие треба да се дигитализираат и секоја држава да си ги преземе оригиналните документи или копии од тие архивски материјали, информираше Крстевски. Данијела Мрда, од архивот на Босна и Херцеговина (БиХ), истакна дека архивскиот материјал е од исклучително значење за сите и дека треба време да се спроведе процесот на дигитализација.
„Денес, тука во Охрид, ќе имаме можност да го потпишеме дговорот за соработка помеѓу БИХ и Македонија. Речиси сум сигурна дека во перидот кој следи ќе реализираме прекасни проекти, кои се однесуваат на заедничкото културно-историско наследство, но и за стручно усовршување на кадрите и размена на искуствата за чување на архивското градиво“ – објасни Данијела Мрда – Директор Државен архив на Босна и Херцеговина.
Станува збор за важни архивски материјали, за сите земји сукцесори на СФРЈ, тоа некогаш било свеовидно сојузно архивско градиво, важно за сите луѓе од поранешна Југославија, се сметало како заедничко културно наследство, објасни Бојан Цвелфар – Директор на Државен архив на Република Словенија.
„Поради тоа, ова градиво никогаш нема да се дели на пет дела, затоа и најпаметното решение е дигитализацијата на материјалот. Веќе извесен период сме во потрага и по финансиски средства за реализација на таа дигитализација“ рече Бојан Цвелфар – Директор на Државен архив на Република Словенија.
Динко Чутура Директорот на Државен Архив на Република Хрватска подвлече, станува збор за документација, која е цело време достапна на јавноста. Без никакви дознаки за тајност.
„Добро е што овие состаноци ги интензизвиравме и како Директор на хрватскиот Архив би кажал дека е важна заедничката дигитализација на материјалите, но и реализацијата на билатерален договор за враќање на материјалите кој, ќе мораме да го решиме со Република Србија, постои добра волја и се надевам дека ќе успееме“ посочи Динко Чутура – Директор Државен Архив Република Хрватска.
Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија, изјави дека во овој архив се наоѓа најголемиот дел од материјалите. Архивот на Југославија има 40 километри хартии, голема количина, а самата дигитализација како комплексен процес, подразбира прво архивистичка обработка, па дигитализација.
„Му доаѓа како сите нешто бараат од мене , а јас не сакам да дадам, зошто сум директор на архивот на Југославија. Но, навистина не е така. Архивите во Белград и архивот на Југославија на кој сум директор, се отоврени за сите за истражувачи, не само од регионот, туку од целиот свет“ – подвлече Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија.
Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. Во 2001 година беше потпишана Спогодба за прашањата за сукцесијата на поранешната СФРЈ, која влезе во сила три години потоа. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори на поранешна СФРЈ е одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Република Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за државата.