Skip to main content

Арифа Малоска се закити со Ловоровиот венец

Со пригодна свеченост во општина Охрид, беа доделени наградите од „Ораторските средби по повод 155 годишнината од наградувањето на поемета „Сердарот“. Прво наградена беше Арифа Малоска од Основното училиште „Братство Единство“, второто место и припадна на Сара Паункоска од „Григор Прличев“ а на трето место се најде Теодора Николоска од основното училиште „Христо Узунов“

 |  Николоска Биљана  | 
serdarot
сердарот

serdarotЛоворовиот венец го закити вратот на младата ораторка Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“. Со тоа заврши проектот „Ораторски средби“ кој годинава го организираше Одделението за култура при општина Охрид,  по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“. На 25-ти март пред 155 години во Атина со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев и се здоби со епитетот втор Хомер.

„Мене најпрво ми беше мило што можам да учествувам на една ваква манифестација ова е најмалку што можам да направам за него бидејќи тој направи многу за македонскиот јазик и оваа награда е многу вредна и ми дава поттик за понатамошни успеси“ – вели Малоска.

serdarotДенес ја имавме најтешката задача, изјави Смиле Наумоски дел од тричлената жири комисијата. Тој кажа дека Конкурсот најпрво бил најавен како ораторство но повеќе се јавиле рецитатори и добил друг квалитет бидејќи Прличев најдобро се рецитирал.

„Вие и сами гледате дека станува збор за прекрасни интерпретатори и моравме да избереме една, беше прилично тешко сите си имаа некои свои убави, поубави и помалу нагласени квалитети“– изјави Наумоски.

Прличев е човекот кој најмногу го задолжи овој град со своето  дело „Сердарот“, тој е човекот кој ја пушти најсилната порака до сите кои живееле и во иднина ќе живеат на овие простори тоа е максимата „совршенство или смрт“, истакна петседателот на охридскиот Совет Гордана Јанкулоска на денешната свеченост.

serdarot„Одбележувњето и чествувањето на делото на Прличев не е само наша обврска, тоа е наша света должност и задоволство на секој охриѓанец.  И денеска е големо задоволство кога имаме можност да видиме колку младите луѓе од овој град, 155 години од кога беше наградена поемата стремат кон совршено интерпретирање на неговите зборови“ – нагласи Коњаноска.

На ораторските средби по повод 155 години од наградувањето на поемата „Сердарот“, присуствуваше и внуката на Прличев, Олга Прличева, која специјално за овој настан пристигна од Софија, Бугарија. Таа беше воодушевена од сценскиот настап на младите ораторки и рече дека денешниот настан е соодветен за присетување на делата на Прличев, кој 36 години се посветил на учителската професија.    

Тоа им го посакувам и јас на сите питомци на  охридските училишта да ги следат заветите и посланијата на „Григор Прличев“, на тој начин што го прават возможно и неговото дело, дух, творештво да живеат во времето“- порача Прличева.

Поемата „Сердарот“е напишана во 1860 година. Прличев за оваа поема бил наречен „втор Хомер“. Таа е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Денешниот настан беше збогатен со прекрасна изведба на песната „1762 лето“ од градскиот хор како и музички изведби на пијано од ученици.