Арнаудов: Постапката за вработување во општа болница е при крај
При крај е постапката за новите вработувања во општа болница Охрид. Се очекуваат резултатите. Министерството за здравство е на потег. Постапката е подолготрајна бидејќи се работи за поголем број на кандидати, 400 доктори и 800 медицински сестри за цела држава, вели директорот на општа болница Охрид д-р Љубен Арнаудов.
Охридската општа болница во исчекување на новото освежување на медицински персонал. Засега сеуште е неизвесна состојбата на медицинскиот персонал кој конкурираше на огласот за новите вработувања во здравството. Нивната судбина е во рацете на Министерството за здравство, вели директорот на охридската болница д-р Љубен Арнаудов.
„Вработувањето се врши на ниво на Р. Македонија. Се работи за поголем број на кандидати и таа постапка е подолготрајна имаме 400 лекари 800 сестри плус други од нижиот кадар. Значи е голем проект кој му треба време добро да се обработи, важно при крај е постапката, очекуваме брзо да се дојде до резултатите. Тестирањето е направено, исто така направено е и рангирањето сега е на потег на Министерството да одлучи кој се најдобрите кандидати“.
Новите вработувања по се изгледа ќе бидат повеќе од добредојдени на некои од одделенијата на општа болница Охрид. Посебно во делот каде што функциониира релативно новиот компјутерски томограф, каде што според Арнаудов единствен проблем за негова беспрекорна функција е токму дефицитот на кадри од областа на радиологијата.
„Тука имаме еден проблем што само еден доктор имаме на радиолошкиот оддел кој го работи компјутерот, еден млад доктор е пуштен на специјализација, се очекува прием на уште еден доктор така да тика малце ќе се рашириме, ќе дојдиме до една стандардна постава, така да може да се пружа 24 часовна здравствена заштита“.
Инаку и на одделот за радиологија проблемот со дефицит на радиолози според Арнаудов е решен така што доктори од соседна Струга доаѓаат од 11 до 14 часот и ги читаат резултатите што се направени во текот на денот.
{loadposition content9}