Skip to main content

Општина охрид

Асфалтирана улицата Ирина Мирка Гинова

Асфалтирањето на улицата „Ирина Мирка Гинова“ е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Мирка Гинова

Денеска заврши асфалтирањето на ул. „Ирина Мирка Гинова“, во непосредна близина на „Отпадот“.

Асфалт е поставен по должина од 430 метри, а ширината на улицата е 4,5 метри. Со реализација на проектот се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите од овој дел на градот кои одеа по каллив или прашлив пат во зима и лето – велат од Локалната самоуправа.

Асфалтирањето на улицата „Ирина Мирка Гинова“ е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на општината.