Skip to main content

АСФАЛТИРАНИ КРАЦИ НА УЛИЦА „ПИТУ ГУЛИ“

Завршено е асфалтирањето на три краци на улица „Питу Гули“ во Охрид.

 |   | 

Завршено е асфалтирањето на три краци на улица „Питу Гули“ во Охрид.

Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Асфалтирањето на улични краци ќе продолжи и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и останатите населени места.