Skip to main content

подигнување на урбана мобилност

Асфалтирање на велосипедска патека на Туристичка

Започна асфалтирањето на велосипедската патека на булеварот „Туристичка“. Должината на патеката изнесува околу 500 метри.
 |  инфодеск  | 
асфалтирање на велосипедска патека

На Булеварот „Туристичка“ од кружниот тек со улицата „Јане Сандански“ во правец на охридските плажи, започнаа активности за асфалтирање на велосипедската патека.

Должината на патеката изнесува околу 500 метри.

Активностите се реализираат во рамки на програмата за подигнување на урбаната мобилност од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.

Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.