Skip to main content

Асфалтирање на улици во Горно и Долно Лакочереј

Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места.
 |  инфодеск  | 

Започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа.

Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација.

Вредноста на инвестицијата за асфалтирањето изнесува 8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места.