Skip to main content

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Охридското село Плаќе се соочува со низа проблеми. Но најгорливи за мештаните се  недозавршената патна инфраструктура и водоснабдувањето кулминираат.

 |  Николоска Биљана  | 
plake
плаке

Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој.

pat palke„Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем ние имаме доставено и проекти, но засега ништо од тоа. Поради тоа неможе да се размислува за развој на руралниот туризам за кој ова место е создадено“, вели Симоноски.

Многу луѓе од Плаќе сакаат да се вратат во селото и да се занимават со сточарство и земјоделство, раскажува Раде Стефаноски од Плаќе. Тој додава дека некогаш селото имало 72 куќи населени со 420 жители, и живееле точно од овие гранки. Но, денес за жал немале услови за тоа, бидејќи ги кочи проблемот со патната инфраструктура и водоснабдувањето. Стефаноски кажа дека ќе мора да преземат радикални чекори за надлежните да се потсетат на ветеното.

plakeПортпаролот на општина Охрид, Симон Илиевски, смирува и вели дека нема потреба населението да презема радикални мерки во врска решавањето на проблемот со патната инфраструктура. Надлежните за оваа проблематика во Локалната веќе се информирани и се екипираат да излезат на терен да ја согледаат фактичката состојба, каде според дојавите на мештаните делови од овој патен правец се оштетени  како последица на неодамнешните поројни дождови што го зафати и ова подрачје, додава тој. Илиевски нагласи дека веднаш после тоа ќе се подготви посебен проект за заштита од надојдените води и стабилизација на теренот, па потоа ќе се пристапи кон асфалтирање и на преостанатиот дел од тој  патен правец во должина од два и пол километри. Според најавите на општинскиот гласноговорник, проектот ќе се реализира во зависност од динамиката на изведување на инфраструктурни објекти во општината и расположивите средства за ова подрачје. Инаку живописното место Плаќе распространето на истоимената планина се наоѓа на надморска височина од 1 400 метри квадратни и изобилува со прекрасна природа и многу раритети. Мештаните велат кога времето е ведро двете езера Охридско и Преспанско се гледаат како на дланка.

{loadposition content9}