Skip to main content

Во атарот на Љубаништа запленети 15 килограми марихуана

Запленети 15 килограми на опојна дрога, марихуана во Љубаништа.

 |  Мишел Наумоски  | 
droga
дрога

marihuanaАкцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид.

Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во близина на лозјата на илегалната патека. Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Охридската регионална граничната полиција презема мерки за утврдување на идентитетот на две лица најверојатно албански државјани, кои синоќа ја пренесувале марихуаната.

{loadposition content9}