Атрактивните Перпетуум Џезиле за роденденот на Охридско лето
Велат, почестени сме што настапуваме за овој јубилеј на Охридско лето, а тоа најдобро го докажаа пеејќи ја „Среќен роденден“ на денешната прес конференција.
52от роденден на нашиот најреномиран фестивал, Охридско лето, со изненадување за публиката. На овој посебен ден, свој настап ќе има словенечката музичка атракција Перпетуум Џезиле. Педесетината вокали на овој хорски состав умеат да забавуваат со композиции кои варираат од класика, преку џез, свинг па се до фанк и поп музика. Со ова публиката добива гаранција дека сите вкусови ќе бидат задоволени.
„Ние сме познати по разноличниот репертоар. Па и денес нема да направиме исклучок. Секако имаме и неколку изненадувања за вас.“-рече вокалот Сандра Фекетија, Перпетуум Џезиле.
Менаџерот и претседател на Перпетуум Џезиле, Боштјан Усеник вели дека овој нивни настап има посебно значење во нивната кариера.
„Се чувствуваме почестени од овој повик да одржиме концерт на Охридско лето кој е исклучителен светски фестивал и мислам дека со овој концерт ќе ја задоволиме истовремено и македонската и меѓународната публика која доаѓа во Охрид.“-вели менаџерот на Перпетуум Џезиле, Боштјан Усеник.
По повод 52от роденден на Охридско лето проговори и првата дама на фестивалот, директорката Елизабета Јанкуловска.
„Денеска на денот на раѓањето на најголемата културна манифестација, со гордост велиме дека запишавме едно прекрасно издание. Посакуваме уште многу ѕвезди на сцената на која се негува долгата и успешна традиција на уметноста. Ви благодарам на сите што сте дел од нас и дел од неповторливите уметнички дострели.“-изјави директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска.
Во чест на роденденот на Охридско лето, неколкуте присутни вокали на Перпетуум Џезиле во свој стил упатија честитка пеејќи „Среќен роденден, Охридско лето“.
{loadposition content9}