Skip to main content

Атрактивните куќи на Мегдани во населбата Рача лежат на септички јами

Атрактивните куќи на Мегдани во населбата  Рача лежат  на септички јами.

 |  Валентина Неловска  | 
megdani

Атрактивните новоизградени куќи во локалитетот  Мегдани во населбата Рача немаат фекална и атмосферска канализација. Локалитетот се наоѓа во рамките на НП Галичица на патот кој води кон Велестово и станува се поатрактивна  населба за изградба на куќи за живеење но и за викенд објекти. Населбата се наоѓа веднаш над Билјанини извори кои пак подолго време се загадуваат со патогени бактерии.

megdani„ Може да кажам дека некои делови од Мегдани  во Рача не е во рамките на каналзиационата мрежа. Правиме напори во 2016 година да се обезбеди нова канализациона мрежа и за ова месноста  и да се реши проблемот со каналзиацијата на Рача. Со тоа би влијаеле позитивно врз квалитетот на водата во изворите кај Билјанини извори,“напоемнува Танески.

Колку објекти треба да се приклучат во градската канализација во Мегдани нема точна бројка. До 31 март тече рокот за легализација на дивоградбите, се правдаат од Секторот за комунален развој.   Напоменуваат дека во 2016 година ќе се обидат да обезбедат нова канализациона мрежа за тој потег. Во моментов немаат сознание  колкава ќе биде должината на канализационата мрежа.


„ Пресметката ќе ја изготви економскиот оператор по нивната престметка ќе се знаат параметрите за должината на канализациониот систем и финансиската конструкција“, уверува Танески.

Од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта напоменуваат дека останатите куќи  во населбата Рача се приклучени на  градската канализациона мрежа.