„Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на новата линија меѓу Виена и Охрид
„Аустријан“ ќе ја пополни празнината што се отвори откако „Визер“ ја укина линијата Виена-Охрид во март оваа година.
„Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на планираната нова линија меѓу Виена и Охрид. Таа требаше да профункционира на 17 мај, но датумот сега е поместен на 21 јуни, објави порталот СДК.МК.
Во октомври беше најавено дека, за почеток, австриската компанија, која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата двапати неделно со авион од типот „ербас А320“. Линијата ќе биде отворена до 18 октомври.
„Аустријан“ ќе ја пополни празнината што се отвори откако „Визер“ ја укина линијата Виена-Охрид во март оваа година.


