На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот.
Се работи за 49 годишно лице од Австрија, кој бил во друштво со 40 годишно лице од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.