Skip to main content

Соработка

Австриски функционери во посета на Општина Охрид

Високи австриски функционери беа во посета на Општина Охрид. Остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков и разговараа за продлабочување на соработката во повеќе области.
 |  инфодеск  | 
Австриски функционери

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја.

Австриски функционери

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО.

Градоначалникот Пецаков истакна дека секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО.