Skip to main content

Причинета само материјална штета

(видео) Автобус во движење се запалил кај Извор, на делницата Охрид-Кичево

Нема повредени, во автобусот немало патници, а возачот успеал на време да излезе од опожарениот автобус.
 |  инфодеск  | 
пожар автобус

Синоќа, од засега непознати причини, се запалил автобус на „Галеб“ – Охрид, во движење на патниот правец Охрид -Кичево кај с. Извор кичевско. Според првичните информации нема повредени, автобусот немал патници, а возачот успеал на време да излезе и да се спаси. Сообраќајот бил оневозможен одредено време, а потоа било овозможено наизменично минување на возилата по една коловозна лента.

Од ТППЕ Кичево интервенирале со две екипи при гасење на автобусот. Центарот за управување со кризи информира дека автобусот не превезувал патници и дека никој не е повреден. Истото за Канал 5 го потврди портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димоски. Причинета е материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.

Од АМСМ известија дека  oд вчеравечер сообраќајот на патнипт правец Охрид – Кичево, кај Извор, се одвива по една лента, наизменично.
Официјални информации се очекуваат денеска од Министерството за внатрешни работи.

До редакцијата на ТВМ пристигна видео од очевдци.

Видео што го снимил очевидец на настанот објави и порталот Порта.