Автобусите се паркираат без исаф
Повторно, автобуси со туристи ги слегуваат своите патници во самиот центар на градот дури на улици каде не им е дозволено движење.
Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни.
Од Локалната пак информираат дека согасно одлуката на Советот на општина Охрид за регулирање на режимот на сообраќај, точно се дефинирани насоките на движење на автобуите и нивното паркирање. Во централното градско подрачје, посебно на улиците „Бул. Макеоднски просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, или дел од улицата „Јане Сандански“ не можат да овозможат безбедно движење на овој тип превозни средства и нивно безбедно паркирање. Зоран Шикалески од Оддението за комунален развој и сообраќај, при локалната, вели дека адекватна локација за овој вид возила постои.
„ Ние го определивме просторот за паркирање на овие автобуси, на улицата „Асном“ во делот кон спортскиот центар „Биљанини извори“ и тоа е релативно блиско растојание, до самото езеро е на стотина метри, па со една прошетка крај самиот кеј сите туристи може да стигнат до своите одредишта. Овде се работи за чиста злоупотреба од страна на поедини возачи и непочитувачјки ја поставената сообраќајна сигнализација се движат по улици каде е забрането за ваков тип на возила и ја реметат општата безбедност на сообраќајот“ објаснува Шикалески.
Поради тоа што автобусите се паркираат на места каде не е предвиден паркинг за ваков тип на возила, и со оглед на нивните огромни димензии ја загрозуваат прегледноста а со тоа и безбедноста на движење на пешаците. Овие неколку месеци значително е зголемен бројот на автобусите кои носат туристи или обавуваат училишни екскурзии, па така секој во своите надлежности мора да преземе соодветни мерки. Само за пример, изминатиов викенд еден ваков автобус откако ги остави туристите во близина на Охридската капетанија речиси половина час се обидуваше да излезе од хаосот од возила кој и онака се создава на овој дел од улицата Коста Абраш.
{loadposition content9}