Skip to main content

Автобуси зафаќаат 3-4 паркинг места, се жалат граѓани

„Секојдневно гледаме паркирани автобуси, кои зафаќаат по 3-4 паркинг места, а се жалиме нема доволно паркинг места“, велат наши сограѓани.
Паркирани автобуси

До рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓанини испратија фотографии преку кои реагираат на паркирани автобуси во центарот на Охрид, кои според нив зафаќале 3-4 паркинг места. Ова е нивниот коментар:

На булеварот Македонски Просветители од кружниот тек до пожарна беа обележани паркинг места за зонско паркирање, вероватно за автомобили. Меѓутоа, секојдневно гледаме паркирани автобуси, кои зафаќаат по 3-4 паркинг места, а се жалиме нема доволно паркинг места. Автобусите се паркирани и по неколку денови, и се тоа пред носот на полицијата – велат охриѓани.

Паркирани автобуси
Паркирани автобуси