Skip to main content

Автобуската станица во Охрид е едно од најгрдите лица на градот, кажа кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески

Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица.

 |  Валентина Неловска  | 
avtobuska
avtobuska

Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица. Во 2009 година е дадено ветување дека на ова место ќе се изгради модерна автобуска станица, но тоа е само лажно ветување кое не е одржано, потенцираше Бакрачески.

„ Ова е едно најгрдите лица на градот, гледате дека таа е место каде нема неуредена јавна површина, каливи премини, дупки, оставени торби насекаде околу така наречената автобуска станица. Ова е место кое го дава најлошиот впечаток за секој патник и турист кој што за прв пат ќе стапне во градот“, истакна Бакрачески.
автобуска
Д-р Никола Бакрачески посочи дека оваа локација е уште еден доказ за непосветеноста, негрижата и незаинтерсираноста на Локалната Самоуправа во изминативе години. За жал тоа  е и првата лоша импресија со која туристите се среќаваат со доаѓањето на автобуската станица, рече д-р Бакрачески. Моја намера како градоначалник е ова грдо лице да го претворам во убаво лице на градот. Затоа ја бараме довербата на граѓаните, јас како градоначалник и мојата советничка листа, тимот кој ќе го формираме и понудената програма,  да ја преземе обврската и да ги завршиме недовршените работи.   

„ Една од првите наши задачи ќе биде на ова место да издигниме, препознатлив објект којќе биде лице на градот, со современа меѓуградска автобуска станица која ќе биде изградена по сите стандарди со најпотребните инфраструктурни објекти и  технички технолошки поомагала. Ќе биде препознатливо место каде што патниците и туристите кои доаѓаат во градот ќе се среќаваат со една убава слика“.

Нашата намера е ова место да го претвориме во Центар за околните населби кои гравитираат кон овој дел. Сакаме да го преобразиме  со придружни објекти, да стане  свртилиште и втор Центар за голем број граѓани. На граѓаните им се потребни дела, а не зборови. Се надевам дека граѓаните ќе умеат да препознаат  кој знае да работи, а кој дава лажни неостварливи ветувања, посочи Бакрачески на денешнaтa прес конференција.  

{loadposition content9}