Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо
Пропадна и четвртиот тендер за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки. Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година.
Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. За потсетување Локалната уште пред една година го распиша првиот тендер за уредување на автобуските постојки, но беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Последното ветување дадено во септември беше дека со почетокот на зимата Охрид ќе добие современи постојки.
Зимата дојде, но нови посетојки нема. Првично требаше да се постават 30 автобуски постојки, па потоа бројот се намали на 14 и тоа во централното градско подрачје на улицата „Питу Гули“, на улицата „Јане Сандански“ и на булевар „Туристичка“. ЈП „Нискоградба“ требаше да ги ги санира старите и да ги постави во приградските и селските населби на Општина Охрид.
{loadposition content9}