Skip to main content

Екологија

Автоматизација на системот пумпи на колекторот

Се постави нова фрекфентна регулација со која работењето на пречистителната станица се донесе на степен на 90% искористеност.
 |  Голабовски Крсте  | 
Пречистителна станица

Продолжува осовременувањето на охридскиот колектор. Дел со средства од Министерството за животна средина, дел со сопствени средства на државното јавно претпријатие, дел со странски донации. Се прават напори да се искорисистат современите технолошки достигнувања со цел зачувување на природниот бисер, Охридското Езеро. Променати се потопни пумпи на неколку препумпни локации. Со сопствени секачи кои во голема мера го намалуваат запушувањето на цевководот, посебно со фрлањето на влажни марамчиња и друг вид на инертен отпад и го олеснуваат неговото функционирање, дури и во периоди на обилни дождови. Со овој автоматизиран регулаторен систем, се продолжува векот на потопните пумпи. Се намалува потрошувачката на електрична енергија, вели Владимир Алексијоски – в.д. директор на Државното Јавно Претпријатие Колекторски Систем.

„Поставивме автоамтска, односно фрекфентна регулација на 5 препумпни места, Охрид, 1,2, Даљан, Подмоље и Струга 3. Работењето на пречистителната станица го донесовме на степен на 90% искористеност.А, што се однесува по однос на автоматиката со гордост можам да кажам дека направивме многу. За разлика од прано со неавтоматската регулација, пумпите во сушни денови повеќе одмараат отколку што работат“ Владимир Алексијоски – в.д. директор на Државното Јавно Претпријатие Колекторски Систем.

Но еколошката култура за жал останува сеуште на ниско ниво. Ние мора да формираме нов однос кон природата од која сме дел. Неопходна е еколошка едукација за формирање на одговорен однос кон животната средина. За таа цел од Колекторски систем најавуваат кампања за подигање на еколошката свест со цел зачувување на највредното нешто со кое како регион располагаме, Охридското Езеро.

„Ние планираме покрај другото, во текот на нашето функционирање да направиме една кампања, со рекалемни материјали, објави по вашите медиуми, што се не треба да постапуваме за да го заштитме она што не штити нас.Таа еколошка култура е на многу ниско ниво кај сите нас. Тоа го видовме и со снимките кои ги имаме направено во колекторскиот цевковод на материјали на кои ни на крај не им е местото таму. Многу пати сум ги споменал влажните марамчиња како најголем проблем, градежни материјали, гранки и ќе кажам уште еднаш еколошката култура кај нас е на многу ниско ниво“ Владимир Алексијоски – в.д. директор на Државното Јавно Претпријатие Колекторски Систем.

Подобрувањето на колекторскиот систем е само еден дел од грижата за езерото. Потребна е сеопфатна институционална акција за негова заштита но и подигнување на свеста дека грижата за Охридското езеро како најстар биорезерват на европскиот континент, е обврска на секој еден поединец.