Skip to main content

Повредени се три лица

Автомобил излетал од патот Охрид-Св. Наум

Автомобил со охридски регистарски ознаки излетал од патот Охрид-Свети Наум. Во несреќата со повреди се здобиле тројца охриѓани.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 01.03.2023 во 00:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот.

По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди – информира МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.