Автопатот Охрид – Кичево ќе се гради од три места
Модерното автопатско решение Охрид – Кичево ќе се гради од три места. Пратеникот Александар Николоски потенцира дека автопатот ќе се гради согласно сите светски стандарди.
Модерното автопатско решение Охрид – Кичево, со изградба ќе започне март годинава. Охридските советници Александар Николоски и Харалампие Шокароски успеаа потребата од реализација на овој капитален проект да ја наметнат како прв приоритет на Владата на Р. Македонија за 2014 година. Шест ленти, по три од секоја страна, тунел од 2 км, 14 помали мостови, 7 големи мостови 4 поголеми вијадукти се дел од содржините на ова автопатско решение, но како новина Николоски го обелодена начинот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
„Во исто време ќе се стартува од три места што е прв пат во Р. Македонија. Досега кога се гради пат се стартувало од една точка а сега од три за да може за три годинида се изгради. Позитивно е тоа што 51 % од луѓето кои што работат мора да се луѓе од регионот и најмалце 49% од изведувачите да се од Р. Македонија“ – вели Николоски.
Николоски исто така при денешната средба со новинарите најави уште две новини во врска со патиштата во земјава.
„Во моментов се разговара за концесиско решение за делот од Кичево до Гостивар, популарно наречено Стража и за делот од Скопје до Блаце, односно до косовска граница кој што треба да се врзан систем за да би имало интерес за концесија. И второ веќе се разговара за банката за развој на Советот на Европа, се надевам сега на јануарската сесија каде што јас сум шеф на делегација ќе имаме нови разговори за финансирање на магистралниот пат Косел – Охрид-Пештани – Св. Наум“.
Николоски верува дека до крајот на оваа тековна година ќе успеат да ги да завршат сите процедури за изградба на магистралниот пат на источното охридско крајбрежје и веќе од наредната 2015 да отпочне реализација и на овој проект кој е од исклучителна важност за развој на туризмот.
{loadposition content9}