Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро
Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро.
Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан, Баку и во градот културната ризница Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.
Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.
Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа предавање за богатото мултикултирно наследство на Македонија, попратено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.
Азербеџанците имаа можност да се запознаат и преку современи фотографии со културното наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, предводена од м-р Василка Димитровска.
Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство во Азербеџан“ е Организацијата за подршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азеребеџан, предводена од проф. д-р Фариз Кхалили.
Деновите на Македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Р.Македонија.
{loadposition content9}