Skip to main content

Јован Бабаче најсреќен од сите

По петти пат Јован Бабаче го фати светиот крст кој во водите на Охридското езеро го фрли владиката Тимотеј. Охрид, Балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните гости кои пристигнаа во градов за големиот Христијански празник-Богојавление-Водици.

 |  Јаковлева Лионела  | 
jovan babace
јован бабаче

Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст.

vodiciОколу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде.


Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари вреден крст изработен од сребро, злато и дрво. Вредноста на крстот се проценува на околу 1000 евра.

vodiciОхрид, Балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните гости кои пристигнаа во градов за големиот Христијански празник-Богојавление-Водици. Се проценува дека на овогодинешнатата манифестација имаше над 20 илјади гости од земјава, но и од соседните држави. Имаше и такви кои дошле од далечната Австаралија токму за да присуствуваат на овој настан. Чествувањата на празникот започнаа утрово во 8 часот со свечени литургии во верските храмови.

Годинава поради студеното време имаше повеќе интервенции на медицинските екипи од вообичаено. Од Црвениот крст од Охрид чии екипи се грижеа за безбедноста на капачите, не информираа дека имале  19 интервенции во чамец и 8 интервенции врз хипотермични лица. Од нив за среќа немало некои посериозни, а три биле поради посекотина. Од СВР-Охрид велат дека не биле пријавени никакви инциденти. Не бил нарушен јавниот ред и мир, немало сообраќајни прекршоци, само пријавена е една џепна кражба. И оваа година во чест големиот христијански празник беше спроведена и крводарителска акција во организација на Црвениот крст во која беа собрани 120 единици на крв.

{loadposition content9}