Skip to main content

Бадијала пожарна ако доцни ЕВН

Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн.

 |  Валентина Неловска  | 
pozarna
pozarna

Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При  интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа  пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување  по нашиот повик, објаснува Каба.

„ Ние  имаме водено усмени разговори  со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги имаме. Ако не е исклучена струјата нашите единици се доведуваат во опасност.  Ние ќе се обратиме и до повисоките инстанци да се реши проблемот“, укажува Каба.
pozarni vozila
Со ова тврдење на струшкиот командир на Територијалната противпожарна единица Каба се согласува и неговиот охридски колега, Спасе Прентоски.  
Отежната е брзината на дејствување на противпожарните возила заради поспората комуникација со службите на ЕВМ вели  Прентоски. Командирот кажува дека за овој проблем досега не се обратиле до  ЕВН.  За основното правило, при гасење пожари на објекти, исклучување на струја тие го употребуваат стариот принцип на соработка,  кој го имале со Евн пред нејзината приватизација.

 „Ние се враќаме на нашиот стар начин на информирање. Се јавуваме до дежурниот електричар на трафостаница 110 и бараме побрза  интервенција и со нивна асистенција да се реши проблемот.  Во многу случаи дежурната екипа при дистрибутивен центар 110 ни излегува во пресрет. Но, информирањето на дежурниот електричар  преку централата од Скопје е побавно, интервенцијата се одолговлекува, а штетите се поголеми и за граѓаните и за општеството“, нагласува Прентоски.  

vozila strugaПортпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески, за овој проблем кој противпожарните единици од Охрид и Струга го имаат не е информиран. Ковачески изненадено вели отворени сме за решавање на сите недоразбирања.

„Досега немаме забелешка или примедба, евентуално ако има волни сме да разговараме за процедурата за да мора брзо да се реагира и да нема поголеми последици. Од Скопје не се бара никаква дозвола и секој корисничко  енергетски  центар може да одлучува. Екипите се  спремни и излегуваат веднаш штом се добие пријава во корисничко енергетскиот центар или полицијата ако има пријава во центарот за односи со корисници. Нашата реакција е веднаш и навремена“, објаснува Ковачески.       

Портапролот на ЕВН, нагласува дека  Охрид и Струга сеуште не се опфатени во компјутерскиот  систем за следење на трафостаниците, но  наскоро овој проблем ќе се надмине кога двете општини ќе бидат вклопени во новиот систем.

{loadposition content9}