По две години пауза поради пандемијата, повторно ќе се организира Бадникова поворка во Охрид. Подготовките за овој значаен духовен настан започнуваат на 10 декември, информираат организаторите.
Се известуват сите деца дека големата радост Бадникови поворки, продолжува! Со цел да ја продолжиме оваа стара духовна традиција ве покануваме да се приклучите во подготовките се до ,,Бадниковото навестување за раѓањето на Христос” на 6-ти јануари 2023 година кое ќе биде одбележано со голема поворка низ Охридските улици, во која ќе учествуваат деца пеејки ја некогашната стара коледарска песна ,,Вечниот Бог”. Децата кои ќе учествуваат во оваа манифестација ќе добијат божиќни подароци. Подготовките за настанот почнуваат на 10.12.2022 во 13 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ – информира Летка Филипова организатор на Бадникова поворка Охрид.