Skip to main content

општина охрид

Бадниковата литија го најави Христовото раѓање во Охрид

Пецаков: Детската Бадникова песна која го најави Христовото раѓање во Охрид, одекна посилно од дождливото време!
 |  инфодеск  | 

‎‎Традиционалната Бадникова литија која го најавува Христовото раѓање се одржа и денеска во Охрид и покрај дождливото време.

‎Со своите коледарски песни, најмладите ја најавија радоста на големиот христијански празник и ја пренесоа празничната атмосфера низ охридските улици и Центарот за култура. И покрај дождливото време, литијата помина во духот на заедништво и верата.

‎По традиција, коледарите со коледарски подароци ги даруваа градоначалникот Кирил Пецаков, советниците во Советот на Општина Охрид и пратениците од Македонското Собрание.

-‎Детската Бадникова песна која го најави Христовото раѓање во Охрид, одекна посилно од дождливото време! ‎На моја голема радост, најмладите денеска ни покажаа дека верата и традицијата не запираат пред никакви пречки. Охридските улици и Центарот за култура беа исполнети со свечена и топла атмосфера, во духот на христијанството и заедништвото, изјави градоначалникот Пецаков.

‎Настанот уште еднаш ја потврди духовноста на Охрид и неговата длабока поврзаност со христијанските вредности и народните обичаи.