Skip to main content

Бајкерите од „Еко Дром“ блеснаа со бројни успеси

Велосипедскиот клуб „Еко дром“ ја заврши 2012 година со исклучителни успеси.

 |  Валентина Неловска  | 
велосипед
велосипед

Јован Јованоски, Бленди Троци, Петар Упевчески, Новица Велјаноски, Филип Петрески, Јаков Јовансоки, Теодора Алексиоска Иво Србакоски , Христијан Николовски , Сара Пешликоска, Настасја Краљевска и Михаил Тасески се ведлосипедистите кои оваа година освоија бројни медалји. Велосипедскиот клуб  Еко дром ја заврши 2012 година со исклучителни успеси. Клубот брои 36 членови од кои 18 -мина се лиценцирани велосипедисти. За само три години од постоењето, клубот постигнуваа и руши рекорди на државно ниво.  Изминатава сезона 13-мина од членовите на клубот  освоија бројни награди и постигнаа значајни успеси на државно и меѓународно ниво.  Од 87-те освоени медалји, трофеи и награди  велосипедистите на Еко Дром  се закитија со 28 златни, 23 сребрени и 25 бронзени медалји.  Јован Јованоски  го собори рекордот од 2009 година на Фрушкогорскиот  традиционален маратонски велосипедизам. Тој е и Балкански шампион три години по ред, а исто така е и шампион за планински и  друмски велсоипедаизма и хронометар. Јованоски има амбициозни планови и за престојаната сезона.
еко дром
„Како најголем предизвик би го издвоил учеството на европското првенство. Лани не успеав да го освојам пласманот заради технички причини и малку лоша среќа, но во 2013 ќе тренирам и ќе гледам да ми е најголем успех“, посакува Јованоски.

Теодора Алексиоска се закити со бројни освоени медалји, а исто така и го понесе рекордот девојка која освоила медалја на меѓународен натпревар. И таа претендира на поголеми успеси и пласмани во Македонија и надвор во оваа сезона.

Во клубот владее исклучително другарство и натпреварувачка атмосефра. Се радуваат на постигнатите успеси, но ветуваат дека напорно ќе работат за постигнување на што  поголеми резултати.

Христијан Николоски вели„ во клубот гледаме на натпреварите секој од нас да освои што подобро време. Мала конкуренција постои меѓу нас , но во клубот пред се ни се важни другарството и дружењето.“

ВК „Еко Дром“ во изминатав сезона се закити и со бројни рекроди. Меѓу нив позначајни се: севкупно освоени 87 медалји,  9 освоени медалји за севкупен пласман за 2012 според бодовната листа на Велосипедската федерација на Македонија, шампионски трофеј за планински велосипедизам со 416 бода на Листата на ВФМ, самостојно учество на 8 меѓународни натпревари и многу други рекорди.   

{loadposition content9}