Градоначалникот ја претстави кандидатурата на Охрид за европски град на културата
Градоначалникот Никола Бакрачески ја претстави кандидатурата на Охрид за Европски град на културата за 2020 година”.
На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “SEE a Paris”, кој под покровителство на УНЕСКО деновиве се оддржува во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, г-дин Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, се обрати и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред присутните ги претстави културните и духовни вредности на Охрид, на тема “Охрид- кандидат за Европски град на културата за 2020 година”.
„Денес Охрид е спој на традицијата и современото, главен духовен, културен и туристички центар на Република Македонија и простор под заштита на УНЕСКО, како културна, а со Охридското езеро и како природна реткост. Ние македонците ја почитуваме традицијата, ја градиме сегашноста и ја планираме иднината, сврзувајќи ги сите вредности во една целост која ја почуствувале оние што барем еднаш го посетиле Охрид“, истакна градоначалникот во обраќањето пред присутните во Париз.
Градоначалникот во телефоскиот разговор за ТВМ открива како била најавена кандидатурата за Европски град на културата за Охрид за 2020 год.
„Ги преставив вредностите на Охрид и причините зошто ја најавуваме нашата кандидатура, направив една ретроспектива на она што значи Охрид низ вековите и денес, почнувајќи од добата на неолитот од 7000 години па натака ги преставив вредностите во смисла на она што значат 250 археолошки наоѓалишта во Охрид и околината, она што Охрид во текот на вековите во времето на Св Климент значел како едно културно, духовно и литературно светилиште на балканските простори и она што Охрид денес го вложува за да ја издигне културата на едно повисоко ниво на живеење“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Градоначалникот открива дека кандидатурата на охрид за Европски град на културата наишла на на огромен интерес и прием кај присутните. Бакрачески истакна дека се надева дека оваа најава во текот на наредните неколку месеци ќе вроди со плод дека Охрид заслужено во 2020 год. Ќе биде прогласен за европски град на културата.
„Во текот на вчерашната вечер разговаравме повеќе со директотор на фестивалот на југоисточна Европа, имавме средба со проф. Јордан Плевнеш како ректор на универзитетот за филмска уметност, со претседателката на УНЕСКО,Ирина Бокова. Имав средба со повеќе амбасадори на наши соседни држави амбасадорот на Р Албанија во Франција, амбасодрката на Црна Гора во Франција и со амбасадорот на Хрвтска во франција“, истакна Бакрачески.
Бакрачески додава дека вчера остварил доста средби и со пресавници на филмската уметност во Парис и додава дека овие контакти во иднина ќе ги искористите за лобирање за она што значи наша цел, а тоа е прогласување на Охрид за Евроспки град на културата за 2020 год.
{loadposition content9}