Skip to main content

Бакрачески ќе ја поттикнува локалната економија

Градоначалникот на Охрид ќе се залага за подобрување на условите на Охридската локална економија. Општината ќе ги поддржува успешните локални производствени компании, најави Бакрачески. За таа цел денес тој беше во посета на компанијата ЕКО Спар која што произведува камини и котли на пелети.

 |  Николоска Биљана  | 
eko spar
еко спар

eko sparЛокален економски раст и креирање на нови работни места е основна заложба на охридската Локална самоуправа. Во таа насока денес градоначалникот на Охрид, Никола Баскрачески, оствари работна средба со сопствениците на компанијата ЕКО Спар, која се занимава со производство на камини и котли на пелети, кои ги задоволуваат сите еколошки стандарди. Бакрачески изјави дека поддршката ќе се состои во обезбедување на инфраструктурни погодности за производствените компании и други олеснителни околности кои што законот ги предвидел во рамките на ингеренциите на локалната самоуправа.

„Тое е една од нашите примарни заложбиво делот на локалната економија односно стратегијата за локален економски раст и навистина од она што имавем можност да го видиме, претставува еден вид задоволствода се посети една успешна компанија како што е ЕКО Спар кој што се претежно извозно ориентирани преку 95% од своето производство го извезуваат во сите држави во Европа и пошироко“– вели Бакрачески.

eko sparФирмата Енерџи Евергрин постои 8 години, а на македонскиот пазар успешно продава 5 години. Сопственикот Јован Јованоски вели дека за овие 8 години успешно го развиле своето производство и добро го пробиле европскиот и светскиот пазар со нивните производи за кои гарантираат докажан квалитет и сертификат.

„Од аспект на соработката со општината ние сме во тек со сите работи кои се случуваат со слободните економски зони. Веќе сме во преговори двајца сериозни партнери од Европската унија со кои што веќе овој викенд ќе разговараме и ќе ги презентираме сите услови кои ги нуди општината и Централната власт на Македонија и се надевам дека ќе влезиме заеднички во инвестиција со нив и ќе можиме да ги развиваме нашите производи се повеќе и ќе можеме да ги продаваме на повеќе пазари“ – нагласи Јованоски.

Јованоски очекува продажбата на камините и котлите на пелети во иднина да биде поголема, бидејќи нивниот производ е субвенциониран во земјите на Европската унија. Палетата на нивните производи односно котлите на пелети се движи во ранг од 6 киловати до 55 киловати, главно котли наменети за загревање на домаќинствата.

{loadposition content9}