Skip to main content

Бакрачески од министерот Попоски побара помош во промоцијата на Охрид

Промоција на Охрид со помош на министерството за надворешни работи.

 |  Маленкова Татјана  | 
Bakraceski -Poposki
Бакрачески – Попоски

Работна средба на новиот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески, претставници на новиот совет и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Целта на средбата беше министерот да се запознае со  програмата и  проектите во делот на интензивирање и унапредување на меѓународната соработка  на локалната самоуправа.

„Разговаравме околу можностите за подобра координација на активнотите помеѓу локалната самоуправа и Bakraceski -Poposkiминистерството за надворешни работи, односно нашите амбасади и козуларни претставништва во странство околу начините и механизмите на кои ќе ја остваруваме оваа соработка со цел да направиме исчекор во интензивирање на таа соработка. Разговаравме околу можностите за подобрување на квалитетот на промоција на Охрид надвор од границите на Р Македонија, разговаравме за интензивирање на меѓународната соработка помогната од министерството за надворешни работи, околу проекти за привлекување на странски инвестиции“, истакна д-р. Никола Бакрачески.

Министерот за надворешни работи, Попоски пред новинарите истакна дека на денешниот разговор се фокусирале на делот за изградба и промоција на Р Македонија особено на локално ниво, Охрид и неговата околина како бренд.

Nikola Poposki minister nadvoresni raboti „Во делот на понудата она што го разговаравме е дека во иднина многу ќе зависи од она што многу ни е квалитена понудата на локално ниво. Успешен ќе биде брендот на Охрид, охридското езеро, руралната средина околу Охрид и што е она што во иднина ќе го шири тој позитивен глас. Веќе подолг период градиме еден имиџ на  национално ниво и запознаваме странските посетители со тоа што е Македонија, каде се наоѓа и што може да понуди, но во иднина многу ќе зависи од тоа што можеме да изградиме бренд на локално ниво. Вториот аспект кој е многу значаен е искористување на сите заеднички можности за проекти“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Попоски додаде дека Охридскиот регион поради фактот што е крајграничен, може многу да искористи од прекуграничните проекти во рамки на ЕУ. Попоски смета дека во овој дел ќе треба да се фокусираат  колку на туристичката понуда,  толку и во делот на инфраструктурата, но и во делот на руралниот развој.
На новинарско прашање зошто изминативе пет години во Охрид немаше многу дипломатски средби кои за Охрид се бесплатна реклама, Попоски рече:

„За отприлика месец и половина ќе имате огромна гужва од странски претставници тука. Јас се согласувам дека Охрид има што да понуди. И впечатоците кои ги имале сите странци да го посетат Охрид се нашиот најсилен адут“, рече Попоски.

{loadposition content9}