Skip to main content

Бакрачески: 2016 година рекордерр по воведување на авио линии

Зголемување на бројот на летови во 2017 година, најави градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека резултатите од субвенционирањето на авио линиите веќе покажува позитивни резултати. Но исто така драстичните промени на стратегијата за промоција и развој на туризмот го промениле курсот на развојот на туризмот во градов.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Годинава која што изминува е рекордер по воведување на авио линии на охридскиот аеродром. Ваквиот тренд ќе продолжи и во престојната 2017 год открива првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој вели дека повеќе од очигледни се нивните резултати кон создавање на услови за нови авио линии, бидејќи силно се посветени на развојот на туризмот.

„Јас се надевам дека тој тренд ќе продолжи во 2017 и дури ќе бидат зголемени бројот на летови кон охридскиот аеродром. Барем такви се најавите на ТУИ, Томас Кук, Аркиа, чешката Чедок и од скоро време на полскиот тур оператор кој што најави летови кон охридскиот аеродром. Се надевам дека ќе продолжи и АИР Србија да лета во оваа година во подолг период а се надевам дека ќе има и нови линии

Бакрачески кажа дека изминативе 4 години напорно и посветено работеле на привлекување на туристи. Првично направиле драстична промена на стратегијата за промоција и маркетинг на Охрид.

„Охрид во 2016 година го имавме присутен во над 200 медиуми. Она што сите заедно во изминатите 70 сетина години од формирањето на СФРЈ преку независна Македонија до ден денес сите заедно медиумски презентации и промоции на градот не можат да се споредат со 2016 год во колку списанија, часописи, радија, телевизии излезе градот Охрид. И тоа е нешто што сметаме дека ќе го промени курсот на развојот на туризмот на Охрид во годините кои што доаѓаат“

Стремежите на Локалната самоуправа како што кажа Бакрачески, биле Охрид во вистинска смисла на зборот да стане светска туристичка дестинација. Точно поради тоа ги субвенционирале и авио линиите.