Skip to main content

Бакрачески: состојбата во Охрид ќе се стабилизира

Градоначалникот Никола Бакрачески денес свика прес-конференција заради вонредната ситуација која го затекна Охрид поради обилните врнежи од снег и прекините во напојувањето со електрична енергија.

 |  Николоска Биљана  | 
снег
снег

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, рече дека е во постојана комуникација со менаџментот од МЕПСО и дека според нивните тврдења состојбата ќе се стабилизира и во наредните денови Охрид нема да остане без струја.

snegВо врска со обилните врнежи од снег, градоначалникот рече дека екипите на сите јавни претпријатија постојано се на терен и ги чистат наносите од снег.

Бакрачески најмногу се осврна на синоќешната акција кога конвој со два багери и џипови предводени лично од него и од градоначалникот на Струга Зијадин Села, учевствувале во акцијата за помош на затрупаните граѓани на Пресека.

Градоначалникот кажа дека очекува деновиве ситуацијата да се стабилизира, но потенцира дека сето ова ќе се одрази на бројот на гостите кои планирале новогодишните празници да ги поминат во Охрид.

{loadposition content9}