Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида. Од градинката напоменуваат дека една третина од тие деца имале прекин во летните месеци, а останатите се ново запишани. Директорката тврди дека навреме се преземени мерки за дезинфекција и дезинсекција во сите објекти на градинката.
Стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида, јавуваат загрижени родители чии деца го посетуваат овој објект. Тврдат дека околу 80 деца од сите групи во градинката Лихнида имале позитивен наод на задолжителениот брис од грло и нос кој треба да го направат за да бидат згрижени во градинка. Стравуваат за здравјето на своите деца и јавно прашуваат дали градинките се безбедни. За одговор на ова прашање, ТВМ ја контактираше Мери Рилкова, директор на ЈГДУ „Јасна Ристеска“. Рилкова информира дека само една третина од децата кај кои е констатирано во наодот присуство на бактерија имале прекин во летните месеци, а останатите се ново запишани деца. Оние деца кои имаат наод на стрептокока по излекувањето ќе може да се вратат во градинка. Директорката уверува дека преку Центарот за јавно здравје Охрид се преземени сите мерки на хигиено-здравствена заштита пропишани според законот. Направена е дезинфекција и дезинсекција на сите објекти од градинката „Јасна Ристеска“, подвлекува Рилкоска.
Годинава, во сите 5 објекти на „Јасна Ристеска“, се запишани 1000 деца. Децата етапно ќе бидат згрижувани во неколкуте објекти на детската градинка. Само градинката во Пештани во групите има згрижено деца според законскиот норматив, додека во останатите објекти со одлука на градскиот совет има дозвола да работат со повеќе деца од пропишаните нормативи, напоменува Рилкоска. Додава дека засега располгаат со доволен број на кадар според потребите.