Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на меѓународниот натпревар Balkan Junior 2026

На 22 мај 2026 година, во Ваљево, Србија, се одржа XII Меѓународен натпревар по мехатроника, инженерство и електротехника „Balkan Junior 2026“, на кој учество зедоа млади таленти од осум балкански држави.

Голем успех постигна тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, составен од учениците Анастасија Стефановска и Филип Кузески од III-4 клас, од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Под менторство на професорите Љупчо Балески, Јован Шикоски и Ангеле Буџакоски, учениците освоија трето место во силна конкуренција.
-Овој значаен резултат претставува уште една потврда за квалитетот, посветеноста и знаењето што учениците и професорите го вложуваат во образовниот процес и натпреварувачките активности, велат од училиштето упатувајќи благодарност до сите предметни професори кои беа вклучени во подготовките и дадоа несебична поддршка за успешното претставување на натпреварот.
На наградените ученици и нивните ментори им упатуваат искрени честитки, со желби за уште многу успеси, нови предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина.







