„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар
Станува збор за инвентивна претстава која содржи црн хумор. Режисерот и сценографот нудат изненадување за публиката. Режијата е на Ана Батева, а играат охридските актери Стаматоски, Тодороски, Стефаноска и Кипроски. Премиерата ќе се случи на 3 јуни кога се одбележуваат и 8 години од формирањето на Охридскиот народен театар.
На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски.
„ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .
Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од Охридскиот народен театар . За 40 тина дена заедно успеале да сработат престава во која има црн хумор. и е прикажан недостатокот од човечност кај човекот.
„ Како што споменав претставата е трилер кој има за цел да претстави антиопштествени форми на однесување кои го извитоперуваат денешеното живеење и го загрозуваат на некаков начин. Општо кажано беше интересно да се бара апсурд во начинот на игра. Границата со комедијата е нова и е на поразличен начин. Претставена е на неочекуван начин, не е лесна комедија туку е поинакво ниво на комедија, апсурд. Беше интересно да се бара тој апсурд преку начинот на актерската игра“, вели Батева за процесот на создавање на театарската претстава.
Сценографијата и костимографијата се на бугарскиот сликар Борис Георгиев. Тој најавува инвентивен сценографски проект во кој активнен уечлник ќе бид еи публиката. Сценогарфијата на мошне необичен начин ќе предизвикува љубопитност кај гледачите , вели бугарскиот сликар Борис Георгиев.
„На Балканот има многу мешавина од различни нешта. Тоа е чиста еклектика која ние се обидовме да ја постигнеме максимално чисто. Има изненадувања за гледачите за на крај, но не откриваме што е тоа“, наговестува за дел од театрското случување на премиерата , сликарот Георгиев.
Стефан Здравески се погрижи за изборот на музиката. И тој најавува изненадувања на музички план со елементи на екликтика соодветно за претставата. Премиерата ќе се случи на 3 јуни кога се одбележуваат 8 години од формирањето на Охридскиот народен театар. Предпремиерата ќе се одигра во недела. Билетите се пуштени во продажба и ќе чинат 250 денари за премирата, а 200 денари за предпремиерата.