Конгресниот туризам за продолжува сезоната на брегот на Охридското Езеро. Овој период од годината најбројни се гостите од земјите во регионот Србија, Албанија и Грција, кои најчесто доаѓаат за викенди, како и големиот број групи кои што се дел од кружните тури на Балканот.
Според хотелиерите и во есенскиот период се бележи солидна исполнетост голем број туристи има и во рамки на конгресниот туризам.
– Тука може да се каже дека има едно зголемување, зголемен е бројот на гости. Доаѓаат и голем број странци за овој период на тие конгреси и тоа е еден добар показател дека има интерес. Има нели разновидни конгреси каде што има поголем интерес и на странските гости да бидат присутни на тие конгреси, вели Крсте Блажески претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ.
Туристите уживаат во разгледи на културно историските споменици. Најчесто проештеки низ Стариот дел на Охрид, црквите, музеите,, тврдината Античкиот театар. Атрактивни се и прошетките со брод до манастирскиот комплекс Свети Наум, заливот на Коските. Тие се воодушевуваат од убавините.
-Убаво убаво, многу ни се допаѓа. Многу е убава природата, велат туристи од Турција.
-Убаво, многу е убаво. Ни се допаѓа вашата земја, убава култура. Ние сме дел од Балканската тура во Охрид бевме една ноќ, велат туристи од Малезија.
До крајот на октомври на охридскиот аеродром , активна ке биде авио линијата Охрид Белград, На брегот на Охридското Езеро најбројни ќе бидат гостите кои се дел од Балканските кружни тури. Туристите од Турција и Малезија, кои од Истанбул патуваат осум земји, меѓу кои и нашата.
Новинар Соња Рилковска